УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Со користење на порталот Бркај работа (brkajrabota.mk) автоматски се сложувате со сите услови за користење.

Корисниците се должни да се запознаат со условите на користење (Бркај работа Ви препорачува задолжително да ги прочитате), а со континуираното користење на порталот brkajrabota.mk или било кој негов дел ќе се смета дека корисниците се целосно запознаени со актуелните услови за користење и дека потполно ги разбираат.

Ниту еден дел и содржина од порталот brkajrabota.mk не смее да се користи за незаконски цели, ниту пак за промовирање на истите.

Порталот brkajrabota.mk на посетителите им овозможува бесплатно користење на содржините на порталот, доколку не ги кршат условите за користење.

Brkajrabota.mk се состои од сопствени содржини, содржини на партнерите и огласувачите, бесплатни содржини, содржини создадени од страна на посетителите и линкови кон надворешни страници. Сите содржини на brkajrabota.mk се објавени со добри намери, а посетителите содржините на порталот ги користат на сопствена одговорност и brkajrabota.mk не може да се смета за одговорен за било каква штета настаната со користењето.

Пристапот до порталот brkajrabota.mk и до сите негови содржини е дозволен за сите лица на било која возраст, освен ако не е назначено поинаку. Ознаката „+18“ на одредени содржини означува дека користењето на таа содржина е дозволено исклучиво за личности постари од 18 години.

АВТОРСКИ ПРАВА

Brkajrabota.mk полага авторско право на сите сопствени содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, како и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел на порталот се смета за кршење на авторските права и е подложно на тужба.

Неовластено користење на било кој дел на порталот без дозвола од сопственикот на авторските права (brkajrabota.mk, партнерите, корисниците итн.) се смета за кршење на истите и е подложно на тужба. Менувањето, позајмувањето, објавувањето, продавањето или дистрибуирањето на таквите содржини е можно само со претходна писмена дозвола на brkajrabota.mk.

Доколку сметате дека brkajrabota.mk ги повредува Вашите авторски права, веднаш известете нè на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , при што Вашето тврдење ќе биде разгледано во најкус можен рок, а спорната содржина ќе биде отстранета по потврдувањето на вистинитоста на тврдењето.

ЛИНКОВИ КОН НАДВОРЕШНИ СТРАНИЦИ

Brkajrabota.mk содржи линкови на интернет страници кои водат надвор од порталот и истите ги објавува со добри намери и не може да се смета за одговорен за содржините надвор од сопствениот портал.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Порталот brkajrabota.mk ја штити приватноста на корисниците во најголема можна мера. Brkajrabota.mk во согласност со закон може да прибира одредени податоци за корисниците добиени во текот на користењето на порталот (исклучиво податоци за компјутерот и податоци за интернет провајдерот).

Brkajrabota.mk се обврзува дека податоците прибрани од корисниците за време на користењето на порталот (e-mail, IP адреси итн.) нема да ги дистрибуира ниту продава на трети страни без дозвола од секој корисник поединечно, освен како демографски податоци за групите на корисници без објавување на приватни податоци.

Правна напомена: Иако brkajrabota.mk ги прави сите напори да ја зачува приватноста на корисниците, кога тоа ќе биде побарано согласно закон, судска наредба или пак судска постапка против brkajrabota.mk, личните податоци ќе мора да бидат откриени.

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОМЕНТАРИТЕ

Корисниците на brkajrabota.mk имаат можност на порталот, под секоја статија слободно да коментираат. Секој корисник може да остави коментар, но за коментарите да бидат средство за искажување на сопственото мислење и да помогнат при развивањето на културна дебата ги замолуваме сите корисници да се придржуваат кон следниве правила:

  • Сите коментари треба да се поврзани со статијата на brkajrabota.mk под којашто се објавуваат;
  • brkajrabota.mk не прифаќа никаква одговорност за содржината и информациите наведени во коментарите;
  • Не пишувајте текст кој содржи закани, клевети, лаги, навреди или било каква содржина којашто може да биде санкционирана со закон;
  • Не објавувајте содржини коишто ги нарушуваат авторските права;
  • Не нудете продажба или купување на било какви производи или услуги;
  • Не објавувајте информации кои се од доверлива природа или пак на било кој начин се спротивни на закон;
  • Не објавувајте линкови до други портали со цел нивна промоција;

Brkajrabota.mk Ви напоменува дека штом ќе објавите коментар истиот ќе биде видлив од сите корисници на порталот. Затоа, внимавајте што пишувате и добро размислете пред да објавите нешто за што подоцна ќе се каете.

Brkajrabota.mk го задржува правото да ги отстранува коментарите по своја дискреција, за прекршувања на Условите за користење како и од правни причини.

Brkajrabota.mk не сноси одговорност за содржината на коментарите од корисниците.

КОРИСТЕЊЕ НА RSS КАНАЛОТ

Доколку го користите RSS каналот, истиот не смеете да го модификувате на било  кој начин.

Не го спојувате RSS каналот со некој друг канал и не го редистрибуирајте преку трет RSS провајдер.

Не додавајте содржина, особено реклами или други промотивни содржини на RSS каналот.

Brkajrabota.mk го задржува правото да приговори на вашето претставување на RSS каналот и во кое било време да побара да престанете да го користите истиот.

Brkajrabota.mk го задржува правото да го прекине RSS каналот и да ја промени содржината или форматирањето без претходно известување.

ПРОМЕНА НА ПРАВИЛАТА

Brkajrabota.mk го задржува правото повремено да ги менува или модифицира правилата за користење. За важните промени и дополнувања корисниците ќе бидат информирани преку објавување на порталот.