По откривањето и отстранувањето на статистичка грешка за висината на задолжувањата на една германска банка под закрила на државата, државниот долг на Германија се намали за 55,5 милијарди евра.

Станува збор за грешка при која долгот на банката „ФМС Вертменаџмент“, која е формирана по банкротот на банката ХРЕ во 2009 година, бил пресметан двапати, со што и вкупниот долг на Германија стана поголем.
Со отстранувањето на оваа грешка вкупниот долг на Германија се намали од 83,7 на 81,1 отсто од бруто домашниот производ, што сепак и натаму е далеку над барањето на еврозната долгот да не надминува 60 проценти од БДП.
Сумата од 55,5 милиjарди е околу една четвртина од сумата од 211 милијарди евра колку што Германија треба да вложи во Европскиот фонд за финансиска стабилност.
Извор: курир
