gototop

Во Бугарија вчера беше отворена фабрика на кинеската автокомпанија „Грејт вол моторс“ и тоа е прв кинески погон за изработка на автомобили во Европа.

 Првата кинеска фабрика за автомобили во Европа отворена е во Бугарија Планот на компанијата е извоз на тие автомобили на европскиот пазар. Фабриката е отворена во близина на селото Баховица, на север во Бугарија.

- Нашите проценки се дека за три до пет години ќе имаме широк спектар на модели произведени овде и тие автомобили ќе бидат продавани во сите европски држави, изјави Фенг Џинг Ванг, претседателка и извршна директорка на Грејт вол моторс.

Во фабриката, изградена во соработка со бугарската Литекс мотори, ќе се вработат 150 луѓе и годишно ќе се произведуваат околу 4.000 автомобили. Плановите се производство во иднина на 50.000 автомобили и 2.000 вработени. Првите автомобили за извоз во Македонија, Албанија и Црна Гора се очекуваат до крајот на 2012 година, а оваа година се очекуваат и преговори за продажба во Србија.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа