Отворената кредитна линија за Македонија во износ од 480 милиони евра е одобрена од страна на бордот директори на Меѓународниот монетарен фонд.

Одобрени 480 милиони евра за Македонија

Македонија е прва земја членка на ММФ што го користи овој нов инструмент наменет пред се за земји со здрави политики, а кои немаат потреба од финансирање, но се соочуваат со ризици што би можеле да доведат до таква потреба.

Кредитната линија е со времетраење од две години, во првата година ќе бидат достапни 400 милиони евра, со дополнителни 80 милиони евра во втората година. Таа дава сигурност на земјите дека доколку дојде до негативни случувања тие ќе имаат доволно средства кои ќе може да ги повлечат за да ја зачуваат стабилноста.

Склучувањето на кредитната линија помага и во зајакнување на довербата и овозможува полесен пристап до средства на пазарите на капитал. Покрај сигурноста, користа од оваа кредитна линија е и испраќањето сигнал до инвеститорите дека ММФ верува во квалитетот на економските политики и тоа може да помогне во процесот на емитување еврообврзница, односно да ја спушти нејзината цена.

Средствата се наменети како резервна варијатна кога земјата би имала потреба, а не може на друг начин да обезбеди финансирање. Средствата кога би се повлекле би се користеле за сите буџетски потреби.

Според условите на кредитната линија за претпазливост, потребно е да се изврши проверка на секои шест месеци за да може да се обнови кредитната линија. Целта на ваквите прегледи е да се потврдат континуираните здрави политики на властите. Не постојат критериуми или структурни репери за извршување како што ги има во стандардните стенд бај аранжмани. Дизајнирана е за да даде обезбедување.

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа