Американката Атина Хохенберг ја тужи „Нутела“, тврдејќи дека популарниот крем кој се претставува како хранлив и наменет за децата всушност е преполн со нездрав шеќер и заситени масти.

„Нутела“ доби тужба за невистинита реклама

- Бев шокирана со сознанието дека „Нутела“, наместо здрав и хранлив производ е полош и од шеќерна табла и дека содржи опасно ниво засичени масти, истакна ова домаќинка од Сан Диего и мајка на четири деца.

Во тужбата која е поднесена во Сојузниот суд, таа бара италијанската компанија „Фереро“, која го произведува „Нутела“, да ги отштети илјадниците Американци кои го конзумирале овој производ во последните десет години од кога се кремот се продава на американскиот пазар.

Хохенберг инсистира и компанијата „Фереро“ да покрене кампања на „корективни реклами“ со цел вистинско информирање на јавноста и бара од етикетата на „Нутела“ да се повлечат зборовите како „хранливо“, „урамнотежено“, „добро за здравјето“, „богато со житарици„ и „идеално за доручек“.

Таа, исто така, се надева дека ќе им се придружат сите они кои конзумирале „Нутела“ од 2000 година за тужбата да добие колективен карактер.

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

cuvariNaGalaksijata

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа