Суровата нафта денеска на берзата во Њујорк се продаваше за приближно 91 долар за барел. 

nafta-500422011

Цената на американската „лесна“ нафта за достава во март на берзата во Њујорк се зголеми за 37 центи и се продаваше за 90,91 долари за барел.

Во исто време, европската „брент“ нафта на берзата во Лондон поскапе за 42 центи и се продаваше за 102,18 доалри за барел.

Трговците со нафта ги следат судирите во Каиро меѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Транспортот на нафта преку Суецкиот Канал во Египет не е нарушен, но вложувачите сепак се загрижени дека политичката нестабилност може да се прошири на блискоисточните земји богати со нафта.

Инвеститорите го очекуваат извештајот на американското Министерство за труд за вработеноста во јануари, за што се очекува дека ќе покаже зголемување на бројот на вработените за 146.000 но и раст на стапката на невработеност од 9,4 на 9,5 проценти. 

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

brziIBesni

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа