Македонија во текот на 2010 година извезла стоки во вредност од 3,30 милијарди долари, а увезла за 5,45 милијарди долари. Трговскиот дефицит во периодот јануари-декември 2010 година изнесува 2,148 милијарди долари. 

Македонија лани извезла стока во вредност од 3,30 милијарди долари

Според податоците на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 60,6 отсто.

Најголемо учество во извозот имаат  производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Најмногу стоки се извезени во земјите-членки на ЕУ (61,3 отсто) и земјите од Западен Балкан (30,8 отсто), а најмногу се увезени од земјите-членки на ЕУ (53,1 отсто) и земјите во развој (27,7 отсто).

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Русија со кои се врши 44,1 отсто од вкупната надворешно-трговска размена. 

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

brziIBesni

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа