Генералниот директор на италијанскиот автомобилски гигант „Фиат“, Серџо Маркионе изјави дека седиштето на компанијата би можело да го премести од Торино во САД.

Седиштето на „Фиат“ се сели во САД

„Фиат“ е симбол на италијанската индустриска моќ и можната одлука на Маркионе да исели уште еден негов дел, според аналитичарите, ќе има катастрофални последици за веќе разнишаниот имиџ на земјата на која и се потребни нови инвестиции, истакнува весникот.

Маркионе во петокот на еден форум во Сан Франциско изјави дека за две до три години „Фиат“ би можел да се спои со „Крајслер“ и седиштето да го премести во САД.

Претседателот на Управниот одбор на „Фиат“ во неделата, со цел да ги смири тензиите, му даде уверување на градоначалникот на Торино дека тоа нема да се случи.

„Фајненшл тајмс“ наведува дека Маркионе својата контроверзна изјава ја направи само еден месец откако работниците во фабриката на „Фиат“ во Торино прифатија значително намалување на своите работнички права, во замена за ветувањето дека производството нема да се премести во САД или Источна Европа. 

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

tisinaBaner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа