Vip
Од крајот на овој месец најсложени оперативни зафати ќе се изведуваат во Европската очна болница месец во скопската населба Ѓорче Петров.

Сите очни операции достапни во Европската очна болница во Скопје Болницата, која е турска инвестицијата од околу 12 милиони долари, ќе биде опремена со сертифицирана и најсовремена опрема. 

- Првпат една голема болница од Турција ќе инвестира тука на Балканот. Заедно ќе работиме за македонскиот народ. Нашата болница во Турција е меѓу првите три во областа на офталмологијата. Ни донесоа неколку понуди од Европа за да инвестираме во некои држави, но ние одлучивме тоа да го направиме во Македонија бидејќи правните регулативи т.е законите се многу добро дефинирани и многу полесно може да инвестираме, рече на денешната средба со новинарите, директорот на болницата, офталмологот Фарук Семис.

Тој посочи дека ги знаеле проблемите во Македонија од офталомошка страна и сакале со најнова технологија за кратко време  да инвестираат. Успеавме за краток рок од девет месеци, рече Семис, да ја изградиме болницата, а тоа укажува на нашата сериозност, подготвеност и нашите намери за целокупниот проект.

- Се надеваме дека успехот кој го имаме во Турција ќе го пренесеме и во Македонија. Задоволство и чест мие е да бидам дел од Македонија, да придонесувам за македонскиот народ и да бидам граѓанин на оваа прекрасна земја, истакна д-р Семис.

Во болницата ќе се извршуваат сите операции и оние со висок ризик кои не се прават во Македонија, а граѓаните за нив одат во други земји. На граѓаните на тој начин ќе им се скратат патните трошоци, трошоците за сместување и сл, информира менаџментот на болницата.

Во Европската очна болница на почетокот ќе бидат вработени 80 лица.

- Првично ќе има тројца офталомолози од Турција кои ќе бидат задолжени за сите операции и ќе ги обучуваат македонските доктори да работат со најнова технологија и да вршат операции. Ќе почнеме со тројца македонски офталомолози кои веднаш нема да извршуваат операции. Бидејќи домашните офталмолози се уште не се стручни во работата со стручната технологија особено со ласерските операции на почетокот тие ќе бидат со нас во операционата сала а понатаму заеднички ќе ги вршиме операциите. Тие за кратко време ќе бидат обучени, посочи д-р Семис.

Тој појасни дека имаат договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија бидејќи, како што рече, станува збор за операции кои тука не се извршуваат и во прилог на Фондот е да соработува со нас.

- На почетокот на април ќе почнеме со заедничка соработка. Лична заработка немаме, пред се ќе придонесуваме за општото добро на граѓаните. Намалувањето на очните болести ќе биде нашиот бенефит и нашиот материјален приход на некој начин. На почетокот месечно колку што имаат склучено договор некои пациенти кои треба да патуваат надвор тие првенствено ќе се оперираат, а понатаму на месечно ниво ќе се детерминира колку операции ќе се изведуваат, потенцира Семис.

Тој појасни дека една од најтешките очни операции е онаа на задна катаракта која во Македонија воопшто не се извршувала, а во светот многу мал дел од тие операции се успешни и мал дел од офталмолозите ја преземаат таа одговорност да ги направат.

- Турците се најпознати во офталомологијата и за такви тешки и специфични операции сме стручни и досега може да се пофалиме со 0,001 отсто неуспешни операции. Наша голема предност од останатите болници во Македонија кои се занимваат со нашата тематика е дека ќе бидеме отворени 24 часа и во секое време ќе се прават операции. Кога ќе дојде некој пациент на пример со задна катаракта од дијагностика до операција разликата ќе биде час до два, а за тоа најчесто се чека и по една година, а кај нас тоа нема да се случи, информира д-р Семис.

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila