Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 ден/лит од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,539 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.01.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 29,906 ден/кг.

Извор: КУРИР

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа