Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот за четири денари, одлучи на денешната седница  Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поевтинија за 3,5, дизелот за 4 денари

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава  за 77 денари, и ЕУРОСУПЕР БС-98  за 78,50 денари.

Новата цена на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) е 65,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 54 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 3,179 денари за килограм и ќе се  продава по 39,548  денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати  согласно Методологијата за формирање на цените на РКЕ во просек е за 5,83  проценти.

Денешната промена на цените на горивата следува по минатонеделното поскапување како резултат на враќањето на акцизите на нивото од април.

Малопродажните цени на горивата во средата беа зголемени за 3,58 проценти, со што бензините поскапеа за пет, а дизелот за три денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврдува цената на бензините врз основа на движењето на нафтата на светските берзи и односот на доларот спрема еврото во последните две недели. Во изминатите две недели цената на нафтата на светските берзи е во постојан пад.

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

cuvariNaGalaksijata

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа