Johnson Controls во октомври ќе почне со изградба на нова фабрика во Штип за производство на седишта и навлаки за седишта за возила, пишува магазинот „Капитал“.

Џонсон Контролс ќе гради нова фабрика која ќе вработи 1.500 лица

Според извори на “Капитал“, претставници на Johnson Controls минатата недела се сретнале со претставници на Владата и ги прецизирале деталите за изградбата на новата фабрика. Одлуката веќе е донесена само се чека да се прецизираат уште неколку технички детали за Владата да ја објави втората инвестиција на оваа американската компанија во Македонија.

Втората фабрика на Johnson Controls се очекува да се изгради во индустриската зона во Штип, а погоните треба да се изградат за една година.

Со очекува новата фабрика да вработи околу 1.500 лица, а ќе се простира на 12.000 метри површина. Новата фабрика која треба да се гради во Штип ќе биде првиот капацитет што ќе се изгради во штипската економска зона.

Новата фабрика на Johnson Controls ја најави и премиерот Никола Груевски на поставувањето на камен-темелникот на фармацевтската фабрика Продис во Бунарџик.

- За Штип се заинтересирани две крупни компании и веќе се пред одлука за инвестирање, изјави Груевски.

Џонсон контролс четири години работи во Македонија. Со фабрика лоцирана во индустриската зона Бунарџик е првата поголема странска инвестиција во земјава.

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

brziIBesni

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа