nubo-2403008201111Богат кинески бизнисмен, кој се занимава со недвижен имот е на пат да купи огромна територија од Исланд во рамки на туристички проект вреден сто милиони долари, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

Хуан Нубо го потпишал протоколот за продажба на земјиште од 300 квадратни километри од територијата на Исланд.

Тој е класифициран на 161. место на листата на светските богаташи за 2010 година на списанието „Форбс“. Неговата компанија „Жонгкун“ поседува туристички објекти во Кина и во целиот свет.

Кинескиот бизнисмен минатата среда потпишал начелен договор со сопствениците на земјиштето, меѓу кои и со исландската Влада. Спогодбата треба да биде одобрена од Пекинг и од Рејкјавик.

Географската положба на Исланд, кој се наоѓа меѓу Европа и Арктикот се смета за стратешка, а со топењето на ледовите се отвараат нови поларни морски патишта и се откриваат нови наоѓалиште на минерали, додава „Фајненшл тајмс“.

извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

BR

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа