a2-nema-pro-407

Продажбата на А2 падна во вода откако офшор компанијата од Кипар заинтересирана за купување на телевизијата се предомислила и го повлекла барањето, претходно доставено до СРД за промена на сопственичката структура.

Засега не се познати причините поради кои компанијата регистрирана на Кипар се предомислила, но според Законот за радиодифузија не е дозволено офшор компанија да стане сопственик на медиум во Македонија.

Според наводите на новинската агенција Нетпрес, во петокот попладне била платена и годишната дозвола за работа на телевизијата до Советот која чини околу 2.400.000 денари, со што повеќе нема причина за одземање на лиценцата на телевизијата со оглед на тоа дека се подмирени долговите кон СРД.

Минатата недела медиумите шпекулираа дека братот на Фијат Цаноски, Томор Цаноски го подмирил долгот од 100.000 евра кој телевизијата го имаше спрема државата. Цаноски, наводно ги дал парите на телевизијата, на име на управителот Тони Николовски, во форма на краткорочна позајмица.

извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

toniIVlado

posivo-baner-milenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

PaulVanDyk