Vip
Штотуку најавена инвестиција, а веќе се пуштени огласи за вработување.

„Џонсон контролс“ огласи вработување

Очигледно компанијата „Џонсон контролс“ не губи време и сериозно се зафати со реализација на најавената инвестиција во Штип.

Во денешните дневни весници, компанијата објави оглас за вработување на околу 1.500 лица кои ќе бидат ангажирани.

Според огласот се бараат лица кои се стручни во процесот, како инженери за шиење, за кроење, инжинери за компјутерски потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, електромеханичари, ревизори за квалитет, проект асистент, како и искусни оператори за шиење.

Фабриката во Технолошко индустриската зона кај Штип е наменета за тапацир за автомобилски седишта.

Реализацијата на оваа инвестиција е од големо значење за Република Македонија. Преку неа, на останатите земји им се укажува дека државата е сигурна дестинација на инвестирање, со што се отвораат нови можности за привлекување на поголем број странски инвестиции.

Отворањето на новите фабрики значи и зголемување на бројот на вработени лица, со што пак придонесува до намалување на процентот на невработеноста, но и зголемување на економскиот раст на државата.

Изградбата на новата фабрика се очекува да започне веќе наредниот месец, а треба да започне со работа за една година.

Производите ќе бидат наменети за европските клиенти на компанијата. Инвестицијата на „Џонсон контролс“ во Македонија се проценува на околу 20 милиони евра.

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila