Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Македонија, 24-ти мај (четврток), “Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Кога за Грција не може да се користи името Поранешна Отоманска Република, тогаш и за вас не може да се користи името Поранешна Југословенска Република Македонија, истакна европратеникот Јоханас ван Баален.
Времето денес ќе биде променливо облачно и ветровито со подолги сончеви периоди на запад, а на крајниот исток пооблачно со услови за слаб локален дожд особено претпладне.
Со цел поддршка на туризмот, Владата на последната седница пред неколку дена донесла одлука за укинување на таксата од 60 евра за македонска виза за оние странски државјани кои имаат обврска да извадат виза за Македонија.