Како што информира денес МВР, починатото лице било пронајдено во сопствениот стан во Кавадарци.
По пријавата полицијата излегла на терен, каде било утврдено дека починатиот е 26-годишникот Бранко Иванов.
Според полициските информациите на телото не биле забележани траги на насилство, а истото е предадено на обдукција заради утврдување на причините поради кои настанала смртта.
Неофицијално лицето починало како последица од употреба на дрога.
Извор: курир
