
Како што информираше денес главниот оперативен директор на ТАВ, Мурат Орнекол, новата автобуска линија која ќе го поврзува „Александар Велики“ со Скопје ќе биде воведена од први март.
За оваа услуга, ангажирана била приватна фирма. Автобуската линија засега ќе ја има само во Скопје, но се планира и во Охрид. Автобусите ќе возат зависно од распоредот на летовите, односно нема да има точно време на поаѓање на истите.
Планирано е автобуската линија да биде воведена и од и кон скопскиот аеродром “Александар Велики“, а ќе има неколку станици.
Извор: курир
