gototop

Три непознати маскирани лица вооружени со пиштол околу пладне извршиле габеж во штедилницата „Интер-Фалко“ на булеварот „Партизански одреди“, во близина на слаткарницата „Палма“.

Ограбена штедилница во Карпош и пошта во Чаир

Според првичните полициски информации, разбојниците заканувајќи се со пиштол од вработените одзеле засега неутврден износ на пари и се упатиле во непознат правец.

Во скопската населба Чаир пак, заканувајќи се со пиштол, непознато маскирано лице околу 13:45 часот извршило грабеж во поштата.


Првичните информации од полицијата говорат дека разбојникот влегол во поштата и под закана од вработените одзел засега непозната сума на пари, по што веднаш избегал.

Полицијата извршува увид и на двете локации.

Нема да шпекулираме дали двата грабежи се поврзани и ќе почекаме официјално известување од полицијата.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа