Vip

Влезот во Порта Македонија ќе биде бесплатен до 15. Мај, иако според најавите требаше да се наплаќа од месец април.

porta-makedonija

До 15 Мај треба да завршат финалните работи за комплетирање на внатрешноста на објектот. Галерискиот простор ќе се уредува со мебел, а на видиковецот ќе почне да функционира планираното кафуле. На плочникот ќе бидат поставени маси, столови и шанк, а скопјани и сите посетители ќе може да уживаат и да го користат просторот за одмарање.

Покрај панорамскиот поглед што го нуди горната платформа на портата, за посетителите е привлечна и сувенерницата на приземјето во која може да се купат минијатури од спомениците и од двокатните автобуси, магнети и разгледници со мотиви од Скопје, како и реплики на експонати од музеите во Македонија.

Иако точно не е утврдена, цената за влез која ќе почне да се наплаќа од средината на месец мај, ќе биде ниска и симболична.

Како што информира Министерството за култура, од отворањето на 6 јануари „Порта Македонија“ секојдневно ја посетуваат голем број граѓани.

Објектот висок 21 метар, кој беше изграден за само една година, претставува симбол на големата историска победа - создавањето независна и суверена Република Македонија.

извор: курир

Навивајте заедно за нашата репрезентација: тука

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila