Vip

Новата химна на Армијата на Република Македонија и новата униформа на баталјонот за Почести ќе бидат промовирани денеска за време на промената на државното знаме на големиот јарбол на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Промоција на нова химна на АРМ

На јавната промоција ќе присуствуваат Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини и командантот на Здружената оперативна команда бригадниот генерал Методија Величковски.

Колоната на АРМ составена од припадниците на баталјонот за Почести и оркестарот на АРМ ќе се движи од пред Собранието на Република Македонија, преку порта „Македонија“ до плоштад „Македонија“, каде ќе се одржи промоцијата на химната на АРМ и новата униформа.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila