Град Скопје информира дека в недела ќе се изведуваат градежни активности на коловозот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на делницата од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до крстосницата  со улицата „Лондонска“ (Студентски дом Гоце Делчев). Притоа ќе има целосен прекин на сообраќајот од 04:00 до 14:00 часот.

students

Автобуската линија бр. 5, која сообраќа на релација од Ново Лисиче кон Дексион, ќе биде пренасочена од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, по булевар „8 Септември“, булевар „Партизански Одреди“, улица „Московска“ и продолжува по својата траса по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и обратно во спротивна насока.

При ова ќе се користат автобуските стојалишта на дадената траса.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа