Американскиот Стејт департмент бара од Македонија и од соседите кои стојат на патот на македонските интеграции во Европската унија и во НАТО што е можно поскоро да изнајдат решение за да можат интеграциите да продолжат.

state-department500

На прашање на МИА за грчкото, четврто по ред попречување на отворањето на преговори на Македонија со ЕУ, портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјави дека американската поддршка за Македонија останува.

- САД секако остануваат посветени на поддршката за сите држави кои сакаат да се зачленат во НАТО и во Европската унија. Секако, ние не сме членка на ЕУ и од нив зависи како ќе ги носат одлуките за членство. Конкретно во овој случај, веруваме дека Македонија и нејзините соседи треба да продолжат да трагаат кон достоинствено, практично и заемно прифатливо решение на актуелните спорови што е можно поскоро, за вратите да можат да се отворат, изјави Нуланд.

Во пресрет на Европскиот Совет, потпретседателот на македонската Влада Теута Арифи двапати го посети Вашингтон и имаше средби во Стејт департментот, на кои побара поддршка од САД за отворање на преговорите. САД, на овие средби, го поздравиле напредокот на Македонија во дијалогот на високо ниво со Унијата.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа