Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

soobrakjajka-500

Од нив, седум се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден мотоциклист, еден сопатник на мотоцикл и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди. Истата се случила во 12 часот и 10 минути на ул. „11 Октомври“. Во незгодата учествувал мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје и пешак, исто така граѓанин на Скопје. Од незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на мотоциклот со лесни телесни повреди.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција беше спроведена општа контрола на возачите и возилата при што преземени се мерки во поглед на исправноста на уредите и опремата на возилата. Притоа санкционирани се 11 неисправни возила. Исто така, и 12 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Преземени се мерки и према осуммина возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола и 12 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото. Санкционирани се и тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шестмина возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 11 возачи на велосипеди со моторни уреди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 15 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот како на возилата така и на пешаците.

Од 1 до 7 април сообраќајната полиција на територијата на целата држава спроведува сообраќајно воспитна едукативна акција „Недела за безбедност на пешаците“. Во рамките на оваа акција сообраќајната полиција ги зајакнува своите превентивно репресивни мерки со цел подобрување на безбедност на пешаците како една од најзагрозените категории на учесници во сообраќајот. До крајот на акцијата ќе се делат едукативни флаери со едукативна содржина на пешаците, а исто така ќе се зајакнат и репресивните мерки.

Исто така, продолжува и кампањата на проектот „Вози мотор, но биди безбеден“ при што од страна на сообраќајната полиција ќе биде зголемена контролата на оваа категорија на учесници во сообраќајот и на истите ќе им се укажува на опасноста од сторениот сообраќаен прекршок и воедно ќе им биде делен едукативен материјал.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ЦОУ „Герг Кастриот Скендер бег“ на територијата на општина Арачиново и во средните училишта „Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа