Маж на возраст до 46 години загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на рагионалниот пат Богданци- Дојран.

police-lenta-500

Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ кога возачот Митко Д. кој управувал со џип „гранд чироки„ на раскрсницата кај местото Црничани изгубил контрола над возилото кое потоа се превртело и излетало од патот.

Митко Д. од Богданци починал на лице место, а во сообраќајката немало друг учесник.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, а полицијата ги утврдува причините за излетувањето од патот на возилото.

Извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

brziIBesni

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа