Vip

Насекаде во Македонија утрово е многу студено. Најниската измерена температура на воздухот се движеше од -17 степени во Берово до - 8 во Гевгелија, а во Дојран се измерени -7 степени и предизвика смрзнување на Дојранското Езеро до 2 сантиметри длабочина, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

500

Во 7 часот се измерени -16 степени во Берово, -15 Тетово, -14 во Куманово и Маврово, -13 Битола и Крива Паланка, -12 Скопје-Петровец и Прилеп, -11 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Лазарополе, -10 Штип, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Крушево, -9 во Претор, -8 во Гевгелија до -6 во Дојран.

Во 7 часот висината на снежната покривка во Маврово била 48 сантиметри,  36 во Лазарополе, 25 во Крушево, 22 см во Пожаране, 20 во  Ѓуриште, 14 во Претор, 13 во Охрид, 11 во Тополчани, 10 во Тетово, 8 сантиметри во Битола, 6 во Прилеп и во Крива Паланка, 5 см во Скопје-Зајчев Рид и 4 во Скопје-Петровец и Пожар.

УХМР соопшти дека времето денеска ќе биде сончево и релативно студено со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од -4 до 4 степени.

Во Скопје слично време со температура до 1 степен.

И во петок ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во деновите од викендот ќе има значителен пораст на температурите. Во сабота и во недела кон крајот на денот можна е појава на локален дожд. Значителна промена на времето се очекува во недела во текот на ноќта и во понеделник со засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи претежно од снег.

Извор: Курир

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila