Највисока снежна покривка во 7 часот изутринава била измерена во Маврови Анови 60 сантиметри, во Лазарополе 40, во Крушево 33, во Пожаране 6 сантиметри.

vikend.gif-500

Времето денес ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за провејување на краткотраен снег. Од среда повторно ќе биде претежно сончево.

Стабилното и суво време ќе овозможи одлевање на водите во поплавените подрачја со повлекувањето на реките, но проблемот со високите подпочвени води ќе остане подолго време актуелен додека не се отцедат тие почви.

Сувото време ќе им овозможи на лозарите и овоштарите интензивно да работат на кроење на виновата лоза и овошките, операција со која доцнат оваа година токму поради големите врнежи и високата површинска влага.

Извор: Курир

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа