Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северните, североисточните и источните предели.

weathershock

Во недела во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, попладне умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури од 2 до 11 степени, а максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 8 до 18 степени.

Во понеделник претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 12 до 22 степени.

Во вторник Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд и посвежо време со пад на температурите. Утринските од 0 до 9, а дневните од 3 до 13 степени.

Извор: Курир

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа