На петгодишниот Марко му е потребна нашата помош како тој би заминал во Истанбул за операција на неговата нога. Во соработка со ООЦК Карпош преку програмата Црвен крст во Акција - Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ), овој вторник Ве покануваме на хуманитарна театарска претстава во Дом на АРМ со почеток во 20:00 часот, заедно да ги погледнеме животните приказни на младите луѓе, нивните секојдневни проблеми и да се ослободиме од омразата.

donation.1

Подадете ја својата рака, во моментов им е потребна искрена поддршка и помош. Да направиме мали дела со голема љубов!!! Вашето присуство навистина ќе ни значи бидејќи тоа ќе промени многу во животот на малиот Марко.

Текст и режија: Марина Лотеска
Играат: Ученици од СУГС„Георги Димитров“ и членови на Драмскиот креативен центар „С'клет“
Цена на билет: 100 денари

Билетите се во претпродажба на билетарницата на Дом на АРМ

Ве замолуваме за доплонителни донации за 25 годишниот Зоран Ѓорѓиески од Вевчани, на кој итно му е потребна трансплантација на срце во странство и истата чини од 300.000 до 500.000 евра. Поради големината на сумата која треба да се собере, во вторник на самиот настан ќе има и кутија за донации за Зоран.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 16 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество. Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Во текот на цилкусот 2013/2014 обуката ја поминаа 1276 младинци, 1153 од нив изработија рекорден број на 210 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 4055 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 30 838 волонтерски часови.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Норвешка Амбасада од Србија.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

tisinaBaner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа