По Грција и Албанија ќе го искористи правото на вето за да ја спречи Македонија во обидите да стане членка на НАТО - пишуваат неколку албански медиуми.

Имено, според тамошните медиуми албанскиот премиер Еди Рама во Тирана порачал дека Албанија нема намера да го прифати пристапувањето на земјава во НАТО доколку Охридскиот договор не е целосно исполнет.

- За жал, во Куманово, зборовите тероризам и Албанец беа сплотени во обид оваа етничка група да се именува како терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од вклучувањето на поимот терорист. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го забележаа невините жители на Куманово. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор - рекол Рама.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

BR

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа