Според полициски информации во двор од куќа во Голем Речица поллавата донела безживотно тело на дете од околу десеттина години но поради големите наноси од камења, дрвја и кал надлежните не можат да дојдат до самото место, објави Канал 5.

tetovo-4 thumb medium500 375 1

Од тетовската болница информираа дека кај нив е донесено безживотно тело на 13 годишно девојче најверојатно од Шипковица додека нивните екипи се постојано на терен и се обидуваат да им пружат помош на повредените за кои постојано добиваат повици. Според непотврдени информации на жители од планинското село Шипковица невремето усмртило две деца на возраст од 4 и 5 години при што телото на едното дете се уште не е пронајдено а загинал и старец од околу осумдесет години додека се враќал од селската џамија. До Шипковица вечерва не може да се дојде поради одрон што го блокирал патот а селото е и без струја а според жителите има огромна материјална штета. Блокиран е приодот од Тетово кон  Голема Речица односно улицата 172 каде тетовската подружница на Дирекцијата за заштита и спасување ангажирала 8 булдожери и друга тешка механизација. 

Невремето предизвика и прекин на сообраќајот кон Попова Шапка, патот Тетово Јажинце како и помеѓу селата Горно Орашје додека во Доброште надојдентите води го урнале и однеле бетонскиот мост.

Дождот и ветрот прдизвикаа  штети и во градот при што беа поплавени улици и куќи, имаше оштетено и покриви  а од паднатите дрвја и гранки имаше оштетени автомобили. Најдојдените води на реката Пена се излеаја на повеќе места  низ Тетово и неговата околина но најкритично беше кај мостот на булеварот Индустриска.  Реката поради големата количина на дрвја и камења го затрупала преминот под мостот и се излеала по булеварот поплавувајќи го околните куќи , дуќани други објекти. Багери и тешка механизација го расчистиле закрчувањето но калта и дрвајата беа насекаде по долниот дел од овој булевар.

Сите надлежни служби се на терен и работат на расчистување и санирање на последиците од невремето што го зафати тетовскиот регион.

Извор: Курир

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа