Пет жртви од кои три возрасни лица и две деца го загубија животот во силното невреме кое го зафати Тетово и околните села, според извори од Клиничкиот Центар Тетово. Отаму и информацијата за 11 повредени лица, од кои едно потешко. Било испратено на клиниките во Скопје, но е пуштено дома во стабилна состојба, како и останатите повредени лица.

tetovong5

Од Секторот за внатрешни работи Тетово потврдуваат за загинато малолетно машко дете од Голема Речица чиј идентитет сеуште не е утврден, како и 14-годишно девојче од тетовска Шипковица. Според информациите од СВР Тетово идентитетот на девојчето веќе е потврден, Пријавени се голем број на одрони и свлечишта а според првичните информации има загинати и од струјни удари. Најкритична е ситуацијата во Голема Речица од каде што е и официјално првата потврдената жртва. Точната бројка на загинати и повредени ќе се утврди во текот на утрешниот ден.

Вчера во попладневните часови Тетово и околните села беа погодени од силно невреме кое предизвика хаос во сообраќајот во градот и големи материјални штети. Градот е прекриен со отпад, кал и откорнати дрвја. Полицијата го регулира сообраќајот, но градот е суште во хаос иако реката е веќе повлечена. Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи ги посети критичните места како Голема Речица. Таа изјави дека ситуацијата е сериозна но општината е подготвена да се справи со настанатиот хаос. Целокупната механизација со која располага општината е веќе не терен. Градоначалничката истакна дека утре Советот на општината ќе свика седница за дополнителен договор за справување со настаната ситуација. Таа испрати апел до граѓаните да не креваат паника, бидејќи ситуацијата е под контрола. 

Извор: Курир

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа