Три автомобили вчера се судрија во скопски Аеродром, а има и неколку повредени.

aerodromsoobr

Околу 16:40 часот на крстосницата меѓу „Јане Сандански“ и „Васко Карангелески“, три автомобили со скопски регистрации предизвикаа сообраќајна несреќа.

Со Ауди управувал 20-годишниот Х.Џ, со Шкода Јети 48-годишниот Д.М, а третиот автомобил во сообраќајката Форд ескорт го возел 20-годишниот З.Р.

Сите тројца возачи се здобиле со полесни повреди, а повредени се и сопатниците од Фордот.

Станува збор за 20-годишните Б.З. и А.З, како и А.М роден 1997-ма година.

Возачите на Форд и Ауди заедно со повредените сопатници биле пренесени во Ургентниот центар, па пратени на домашно лекување. Возачот на Шкода Јети е пренесен во „Свети Наум Охриски“.

Извор: Курир

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа