Страшното лаење на кучето Арап предупредувало за лошо. Почнал ветрот, пристигнал и дождот, така почна се, раскажува Дарко. Неговата куќа била прва на удар на невремето, од тука тргна феноменот со моќ на цунами и продолжи да пустоши кон селата надоле, пренесува Канал 5.


Исплашени стоеле на актот на куќата четирите мали дечиња биле неговиот свет, дали ќе преживеат. Од прозорците гледал како пониско изградената куќа на братот се полни со вода.

По невремето штетите биле огромни, автомобили искршени, скапа земјоделска механизација целосно неупотреблива. Од денеска за прв пат во селото има струја. Дарко многу луѓе помогнаа. Во овој момент најпотребни се средства за дезинфекција.

Најстрашна вест четворица од селото починале. Удавени домашни животни, и со денови го немало омилениот Арап, тага како за починат човек.

Војската од куќите помагаше да се исчисти калта. Секоја куќа со шокантна приказна. На Темелко мајката за секунда ќе се удавела. Соседите до нив цела ноќ стоеле до врат во вода.

Жителите од ова село велат дека потребни им се фрижидери, бидејќи немаат храната на топлото време каде да ја чуваат. Благодарни до сите за помошта и што не се заборавени. Жалат за изгубеното, но најмногу за удавените соседи од селото.

Извор: КУРИР

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа