Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.


Минималната температура се движеше од -5 Скопје Петровец, -4 во Крива Паланка, Скопје-Зајчев Рид и Куманово, -3 во Тетово, -2 во Маврово, -1 во Дебар, Крушево и Берово, 0 во Лазарополе, Пожаране и Ѓуриште, 1 во Виница, 2 во Штип и Тополчани, 3 во Претор, Демир Капија, Струмица, Прилеп и Битола, 4 во Охрид, до 6 во Дојран и Гевгелија.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Повеќе облачност ќе има во јужните делови. Утре по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Извор: КУРИР

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа