Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска на пладне се случи во скопската населба Аеродром.


Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 12 и 05 часот на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Косифовски Питу“ меѓу три возила марка Мерцедес, Опел и Пежо, сите со скопски регистарски ознаки.

Увидот е во тек, а од МВР наведуваат дека засега имаат информации за повредени две лица кои се префрлени на Ургентен центар.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам.

brziIBesni

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа