Крушевската полиција поднесе кривична пријава за сторено убиство против 33 годишната М.П. од крушевското село Свето Митрани која со пушка го уби соселанецот Н.Д. (44).


- На 3-ти февруари во колонијална продавница пријавената, по кратка расправија, со ловна пушка „Бајкл“ калибар 12мм, сопственост на нејзиниот свекор, испукала два истрели во пределот на градите на Н.Д. (44) од истото село. Истиот починал на самото место, а М.П. била приведена. Од преземени мерки било утврдено дека причина за убиството е тоа што, сега починатиот, и се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него. Од почетокот на 2017 година постојано и се јавувал на телефон, секојдневно доаѓал во продавницата за да и се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира. Истиот и упатувал и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него тој ќе го убие нејзиниот син, информираат денес од полицијата.

Сега убиениот ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа