Македонската полиција приведе неколку лица на скопскиот аердром во текот на вчерашниот ден.


Приведувањата започнале во 16,30 часот кога на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики, за излез од земјава со воздухопловот на авиокомпанијата „Визер“ за Лондон, се пријавил Ф.А.(21) од Р.Италија со италијанска лична карта. При проверка на личниот багаж кај истиот е пронајдена една албанска лична карта, со негова фотографија со податоци: В.Л.(21) од Р.Албанија, со која евидира дека остварил влез во Македонија истиот ден преку ГП„Долно Блаце“. Од обавениот разговор со лицето утврдено е дека италијанската лична карта ја купил од непознато лице од Р.Албанија. По консултација со јавен обвинител, лицето е приведено за понатамошна постапка.

Подоцна во 17,00 часот на аеродромот за авионот за Лондон на „Визер“ се пријавиле четири лица на возраст од 34, 30, 31 и 16 години со грчки лични карти. По извршена проверка во ОЕ утврдено е дека лицата не евидираат на кој граничен премин оствариле влез во земјава. По обавениот разговор истите изјавиле дека горенаведените грчки лични карти се фалсификувани, односно ги купиле во Албанија и дека се албански државјани, но албанските патни исправи се наоѓале кај такси-возачот што ги довел. По контактирањето на такси-возачот В.Ц.(29) од Р.Албанија, тој ги донел албанските патни исправи. Утврден е идентитетот на лицата, кои влез во земјава оствариле истиот ден на ГП„Ќафасан“ со автомобил „форд галакси“. Лицата се лишени од слобода поради сомнение за фалсификување исправи и во 22,00 часот се предадени на полициски службеници од РЦ-Север за понатомошна постапка.

Ноќта во 00,10 часот на истиот граничен премин со авион на „Визер“ од Малме пристигнал А.Ш.(35) од Доброште. По извршена проверка во ОЕ констатирано е дека лицето евидира со мерка „A“ (Апси) по барање на СВР-Тетово Одделение за потраги и судска наредба. Лицето е лишено од слобода и во 03,00 часот е предадено на СВР-Скопје за спровод до затворот во Тетово.

Извор: КУРИР

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа