Дваесет годишна девојка денес околу пладне се обиде да си го одземе животот во скопската населба Кисела Вода, дознава Курир.



Девојката сакала да скокне од седмиот кат од зграда на улицата “Народни херои”, но била спречена од полициски екипи кои веднаш пристигнале по пријава на граѓанин.

Од МВР за Курир потврдуваат дека имаат пријава за таков настан, но повеќе детали не откриваат. Во моментов со девојката, која во станот живеела како потстанар, разговараат полициски екипи.

Неофицијално девојката е од Охрид, а причина за обидот за самоубиство се проблеми во љубовта.

Извор: КУРИР

banner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа