Десет сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Три се со телесни повреди, а седум сообраќајки се со причинета материјална штета.


Сообраќајната полиција вчера санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на црвено светло на семафор, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај и еден возач кој го управувал возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 28 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 69 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани, учесници во сообраќајот во својство на возачи, кои сториле прекршоци по разни основи.

Извор: КУРИР

brziIBesni

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа