Во текот на викендот времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, кои на планините во попладневните часови ќе поминуваат во снег.


Утре претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла, а в недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег.

Најниската температура ќе се движи од минус 1 до 4 степени, а највисоката од 6 до 12 степени.

Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално се очекува да наврнат околу 10 литри на м2, а во понеделник претпладне ќе престануваат. В недела и понеделник ќе има благо опаѓање на дневната температура која ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Извор: КУРИР

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа