Сообраќајна несреќа во која тешко повреден е мотоциклист се случила вчера попладне на регионалниот пат Демир Капија – с.Миравци.

Како што информираат од полицијата сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко возило „Мицубиши Лансер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С. (30) од Демир Капија и мотоцикл „Пежо“ без регистарски ознаки, управуван од Б.Ш. (53) од Демир Капија.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал Б.Ш., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Неготино, од каде по укажаната медицинска помош бил препратен во Јавна здравствена установа Велес, каде е задржан на понатамошно лекување, се наведува во полицискиот билтен.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Неготино.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа