Vip

Вчера околу 18:10 часот во Велес на ул. „Благој Страчковски“, при интервенција по претходно нарушен ЈРМ во поголем обем, полициски службеник од ПС ОН Велес од страна на непознато лице бил удрен со камен по главата.

Полицискиот службеник забележал како непознатото лице се обидувало со камненот да удри друг полициски службеник. Со цел да го спречи непознатото лице во намерата полицискиот службеник го фатил за двете раце, но истото успеало да се оттргне и со каменот го удрило него во пределот на главата.

Полицискиот службеник изгубил свест, а лицето побегнало во непознат правец. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Општа болница Велес, каде што му била констатирана телесна повреда и е задржан на лекување.

По преземените мерки и активности утврден бил идентитетот на лицето. Се работи за Б.З. (22) од Велес. СВР Велес презема мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila