Од попладне синоптичарите најавуваат промена на времето со пообилни врнежи, грмежи и засилен ветер особено во јужните и источните делови од Македонија. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта.

Како што соопшти УХМР, утре под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од север, времето ќе биде облачно и свежо, со умерен до засилен северен ветер. Во целата земја ќе има и врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни. Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Максималната температура значително ќе опадне и ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне, а во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер.

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.

Извор: КУРИР

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа