Vip

Жител на општина Центар Жупа со тупаници ја претепал сопругата, а против него е поднесена кривична пријава за телесна повреда.

Според информациите на СВР Охрид, 30- годишниот Е.Н., со живеалиште во Охрид, казненото дело го сторил на 28 јуни во 14.30 часот во семејниот дом по расправија што се случила со неговата сопруга.

Во еден момент од жестоката караница, сега пријавениот Е.Н. физички ја нападнал сопругата со тупаници по целото тело по што ѝ упатил сериозни закани за нејзиниот живот.

Од силината на ударите жената добила телесни повреди.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila