Крвава семејна драма се случувала вчера околу 18:20 часот во куќа на ул. „Гвадалахара“ во Шуто Оризари, а во сопственост на С.Х.(65).

Во куќата, како што информираат од полицијата, привремено престојувала С.Б.(23) од Скопје со нејзините три малолетни деца. Вчера попладнето, дошол нејзиниот сопруг Р.Б.(26) и по кратка семејна расправија со нож и нанел убодна рана во пределот на грбот.

-Откако С.Б. успеала да избега во дворот, истиот ја соборил на земја и и задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош. С.Б. е пренесена во Ургентен центар Скопје, каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а Р.Б. е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: КУРИР

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа