Vip

Дваесет и три годишниот С.П. од Лозово се бори за живот на КАРИЛ по сообраќајна несреќа која се случила синоќа на магистралниот пат Велес – Штип во близина на с.Сарамазлино. До несреќата дошло кога мопед со кој управувал С.П. се превртел.

-По несреќата С.П заедно со неговиот сопатник на мопедот – 16 годишно лице исто така од Лозово се пренесени во Медицински Центар Велес за укажување на медицинска помош, каде што кај сопатникот се констатирани телесни повреди, а на С.П. му е констатирана тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредата е пренесен и задржан на понатамошно лекување во Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје на КАРИЛ, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila