Од СВР Велес информираат дека насилството се случило околу два часот по полноќ на улицата „Коле Цветков“ бр.131 во близина на Вардар, во стариот дел на Велес. С.В. кој живеел на истата улица со чекан ја нападнал првин 30-годишната Т.Н. ќерката на починатиот, по што и што и нејзините родители нанесувајќи им телесни повреди.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски на помош на повредените дошле и братот и снаата на сега починатиот односно 63-годишниот Т.Н. и неговата сопруга 53-годишната В.Н., кои исто така ги повредил.

– Потоа дошол таткото на насилникот и некако успеал да го однесе дома, а дошла и полиција и екипа на Брза помош која повредените со возила на Итна медицинска помош ги однеле во хирушкото одделение во Општата болница во Велес. Но поради тешките повреди околу 2:30 часот во болницата починал 65-годишниот Д.Н. Исто така и неговата сопруга 54-годишната Л.Н. поради тешките телесни повреди итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Другите тројца се задржани на лекување во велешката болница, информира Додевски, истакнувајќи дека С.В. веднаш е приведен од полицијата.

Како што појаснуваат од СВР Велес, според нивните првичните сознанија причина за нападот била нетрпеливоста на насилникот кон соседите. С.В. живеел во Австралија.

По наредба на јавен обвинител треба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и да се подигнат сите траги и материјални докази од местото на настанот.

Извор: КУРИР

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа