Vip

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која вчера околу 13:20 часот се случи на патот Прилеп-Градско кај каменоломот.



Во изјава за Курир, портпаролот на СВР Битола Лефтерија Миленкоска информира дека во несреќата учествувале автомобил „Ровер“ со кавадаречки регистерски ознаки и камион влекач со велешки таблички.

Во несреќата животот го загубиле Д.Ч. (56) и Д.Ј. (52), двајцата од Кавадарци.

Миленкоска вели дека увидот е во тек во присуство на јавен обвинител, а сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila