Vip

Охридското Јавно обвинителство утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид, кое почина во август годинава на Детското одделение во Медицинскиот центар Охрид.

– Основното јавно обвинителство Охрид го доби Секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на Детското одделение во Медицинскиот центар Охрид. Патолошко-хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса, се наведува во сооопштението од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека детето првпат било примено на 25-ти август и по препишана терапија било пуштено дома. Поради влошување на состојбата детенцето во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila